Конто Профит е лиценцирано друштво за сметководствени работи (лиценца бр. 710045)
Микро, мали или средни претпријатија, непрофитни организации (здруженија) или фондации - Зошто би одбрале да одржувате внатрешна сметководствена единица во Вашата компанија во еден бизнис свет во кој outsourcing станува норма? Ние сме дел од синџирот на додавање вредност на голем број на трговски друштва и непрофитни организации од Македонија.
Точно, прецизно, комплетно, сеопфатно, навремено евидентирање на настаните согласно со, во Македонија усвоените МСС и МСФИ е наша работа, додека на Вас останува да се фокусирате на успехот на Вашата органиација!
Кај нас можете да добиете услуги со највисок квалитет:
Во продолжение презентираме табела со минимални ориентациски месечни цени за барани сметководствени услуги (вистински понудените цени по поднесениот прашалник за понуда може да варираат).
Цените се однесуваат на финансиско сметководство, евиденција на деловните настани врз основа на достапната документација, пресметки на плати и поднесок на ДДВ-04 пријава во соодветен рок.
За изработка на годишна сметка и финансиски извештаи согласно ЗТД и поднесок на соодветен даночен биланс согласно Законот за данок на добивка се наплаќа 13-ти годишен надомест, во износ најмалку колку што е месечниот договорен надомест. Сите дадени цени се без вклучен ДДВ.
Сите цени се ориентациски, додека за реална понуда потребно е да го објасните Вашиот бизнис модел, обемот на сметководствена документација, нејзината комплексност како и даночните импликации од вашата работа.Фактори кои влијаат на пресметката која и претходи на реално понудената цена, меѓу другите, се и:
После доставеното Барање за понуда, правиме калкулација за работните часови кои ќе треба да бидат алоцирани за задоволување на Вашите деловни потреби и доставуваме соодветна понуда.
Oсвен сметководство, може да Ви понудиме и други оперативни економско-правни услуги:
Дополнителни услуги кои може да Ви ги понудиме | Цена без ДДВ |
Пријава во/одјава од редовен работен однос во АВРМ | ден 720 |
Боледување | ден 1.500 |
Поднесок на електронска пријава за ПДД за до 3 лица | ден 500 |
Дополнително за секое наредно лице во пријава | ден 300 |
Поднесок на ДДВ-01 во УЈП | ден 3.500 |
Поднесок на ДДВ-ПЕФ-ДО (странски проекти) | ден 1.500 | Поднесок дополнителни извештаи во ДДВ-04 врзани со чл. 32-а од ЗДДВ (до 3 вл. / изл. ф-ри) | ден 500 |
Внес на податоци за секоја дополнителна ф-ра врзана со чл. 32-а од ЗДДВ (над 3 вл. / изл. ф-ри) | ден 100 |
Постапка за пребивање на даноци / преземање на даночен долг / цесија со УЈП | ден 3.500 |
Намалување на даночна основа за износ на реинвестирана добивка | ден 3.000 |
Постапка за донации во спортот и намалување на пресметан данок на добивка | ден 3.000 |
Извештаи за завод за статистика | ден 2.000 |
Промена на управител во ЦРМ (македонско лице) | ден 6.500 |
Упис на основачки влог во ЦРМ (неуплатен капитал) | ден 6.500 |
Регистрација на подружница во ЦРМ | ден 6.500 |
Промена на e-mail адреса во ЦРМ | ден 3.500 |
Промена на седиште (адреса) во ЦРМ | ден 6.000 |
Регистрација на работно време | ден 3.500 |
Регистрација на вистински сопственик во регистарот на ЦР | ден 3.500 |
Дозволете ние да се погрижиме за Вашата сметководствена евиденција!
Овде во Конто Профит, сметководството е многу повеќе од ажурна евиденција за состојбите во вашите трговски книги, уредно пополнети даночни пријави, платни листи и годишни сметки и финансиски извештаи сметки.
Овде финансиското сметководство е основата на која се пресметуваат сите релевантни показатели и се прават анализи на работењето.
Врз основа на анализите, подоцна по склопувањето на билансните шеми, на управувачките тимови на клиентите им се нудат предлози за подобрување на финансиските резултати во наредните периоди. Сметководствената анализа на финансиските извештаи е неопходна менаџерска алатка за нормално работење на деловните субјекти. А реални податоци во финансиските извештаи се резултат на правилно водење на сметководство.
Уредното, ажурно, сеопфатно и комплетно сметководство е основата за носење на одлуки за секој претприемач. Со нас секогаш ќе имате база за рационална одлучување а нашите совети ќе бидат основа за вашето даночно и деловно планирање!