KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри
ВЕСТИ
Закон за Сметководствени Работи  21-03-2012

Конечно, во Македонија во тек е носењето на закон за вршење на сметководствени работи!

По долгогодишното отсуство на било каква институционална рамка на сметководствената проофесија во Република Македонија (за разлика на пример од сродната ревизорска фела - која одамна ги има поставено, односно прифатено европските стандарди за организација и функционирање во областа на ревизијата), конечно во тек е изработка и усвојување на Закон за Сметководствени Работи.

Со ова ќе му се стави крај на хаосот кој владееше во оваа интелектуална професија и се надеваме, трудот на сметководителите конечно ќе почне повеќе да се вреднува. Очекуваме дека нивото до кое сметководството ва Македонија до сега беше деградирано, со стапување на сила на овој закон, конечно ќе биде подигнато и активностите на сметководителите ќе бидат реално вреднувани и валоризирани.

Институционалната рамка по која во иднина ќе биде регулирана оваа професија предвидува лиценци, неколку нивоа на сметководители, постојана надоградба и едукација, професионална хиерархиска скала по која со стекнување на искуство може да се напредува, полагање на испити во иднина заради стекнување со лиценци и ред други промени.

Особено горди сме на придонесот на Конто Профит во насока на усвојувањето на овој закон, преку активното земање учество во раководењето и менаџирањето на активностите на Комората на Сметководители при Сојузот на Стопански Комори на Македонија.

Предлог законот можете да го преземете од тука: http://www.sojuzkomori.org.mk/WBStorage/Files/Zakon.PDF

Назад
АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно