KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Корисни Ексел програмчиња и калкулатори (EXCEL 2010 Sreadsheets)

Во продолжение следуваат неколку корисни програми и калкулатори, изработени во MS Excel 2010, кои се надеваме ќе Ви послужат за да Ви ја олеснат работата при одредени пресметки и одлуки. Овие калкулатори се посветени на пресметки од областа на даноците (персоналните даноци како и данокот на додадена вредност - ДДВ), финансискиот менаџмент, вреднувањето на хартии од вредност, општи економски модели, потоа неколку маркетинг матрици, како и модели од областа на менаџментот и одлучувањето и сл.

Исто така се надеваме дека оваа мала база на калкулатори во иднина ќе порасне и ќе можеме да Ви понудиме поголем избор на корисни програмчиња.

За какви било прашања во однос на тоа како се користат овие програмчиња, или евентуални грешки, слободно обратете се на
grozdanov_b@t-home.mk.

ПЛАТА - КАЛКУЛАТОР
БрутоПлата.xlsx Калкулатор за пресметка на нето плата тргнувајќи од бруто или обратно. Калкулаторот ги зема предвид и минималната и максималната основа за пресметка на придонеси согласно релевантната законска рамка. На крајот калкулаторот и дава податок за ефективниот трошок (ПДД и придонеси) на нето и вкалкулиран во бруто платата.
ДАНОЦИ - КАЛКУЛАТОРИ
Персонални даноци.xlsx Калкулатор кој ќе Ви помогне да пресметате колкава е Вашата обврска за персонален данок по разни основи.
Вкалкулиран ДДВ.xlsx Едноставен калкулатор кој ќе Ви одговори на прашањето „колку ДДВ е содржан во оваа цена?“
ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ И АНАЛИЗА, ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ
WACC.xlsx Програм за пресметка на просечната пондерирана цена на капиталот (Weighted Average Cost of Capital - WACC), како просечен трошок на изворите на финансирање на Вашата фирма.
Beta coef..xlsx Програм за пресметка на бета коефициент на одредена акција преку анализа на податоци за 36 периоди.
Модел на Хамада.xlsx Оцена на влијанието на структурата на капиталот врз бета коефициентот преку моделот на Роберт Хамада. Проверете како различното учество на долгот и сопствениот капитал ќе влијае врз ризичноста на Вашата фирма, барем „на хартија“. 
Вреднување на обврзници.xlsx Калкулатор за пресметка на вредноста на обврзница и стапката на принос до достасување (Yield to Maturity - YTM) на истата. 
Оцена на капитални вложувања.xlsx Програм за пресметка на најважните показатели за оценка на исплатливоста на одредена инвестиција, врз основа на проектираните приходи и трошоци.
Анализа на ФИ.xlsx Вертикална, хоризонтална анализа, како и пресметка на најважните финансиски и оперативни показатели.
Амортизација на кредити.xlsx Проверете како ќе изгледа амортизацискиот план на евентуално подигнат кредит - колкав ануитет ќе треба да плаќате и колку вкупно камата ќе платите?
МАРКЕТИНГ
BCG.xlsx Славната матрица на Boston Consulting Group (BCG). Проверете кои од Вашите бизниси се спремни за „молзење“, во кои други се потребни дополнителни вложувања а кои се непрофитабилни?
General Electric Model.xlsx Моделот на МекКинзи (МcКinsey) и General Electric (GE) е еден вид на надградба на матрицата на BCG. Наместо само два, во матрицата на GE се вклучуваат мноштво интерни и екстерни фактори. Тоа секако го прави овој модел доста покомплициран за употреба.
КЛАСИЧНА ЕКОНОМИЈА
BEP.xlsx Пресметка на преломна точка (break-even point - BEP), со пример и график.
Ценовна еластичност на понуда и побарувачка.xlsx Програм за пресметка на ценовната еластичност на понудата и побарувачката по двете најпопуларни методи (класичен метод и метод на средна вредност).
МЕНАЏМЕНТ - АЛАТКИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ, ПЛАНИРАЊЕ И КОНТРОЛА
Матрица за одлучување.xlsx Многу корисна матрица за квантитативно дефинирање на релевантните параметри при процесот на носење на разни деловни одлуки.

 

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно