KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА И АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Сметководството е азбуката на финансиското работење. Тоа е нервниот систем на секој деловен ентитет.

За сите оние кои веќе „ја знаат азбуката“, односно ја имаат позадината во сметководствено работење, а сакаат да научат како да „ги читаат“ извештаите на претпријатијата нудиме куси двонеделни семинари на кои ќе се посветиме на тоа како да ги преработиме податоците од финансиските извештаи и од нив да дојдеме до клучните индикатори за финансиското „здравје“ на фирмата.

Сите заинтересирани може директно да не контактираат на
edukacija_obuka@t-home.mk или на телефоните 2 448 101 или мобилен 070 22 11 65. Термините за овие семинари не се стриктно дефинирани и се договараат индивидуално со слушателите (освен ако не се работи за обука со група).



Финансискиот менаџмент се занимава со креирање на вредност за сопствениците на деловните ентитети - тоа е можно само со носење на правилни деловни одлуки.
База за сите одлуки претставуваат податоците во сметководствените извештаи на претпријатието.

Со анализа на финаниските извештаи може да дојдеме до клучни информации кои ќе ни помогнат да го унапредиме бизнисот. Добар финансиски аналитичар треба да е во можност да даде одговор на следните прашања:

  • Кои активности генерираат готовина за претпријатието?
  • Каде се троши готовината?
  • Дали претпријатието е ликвидно?
  • Дали има потреба од дополнително задолжување?
  • Дали може навремено да се исплатат обврските од добавувачите?
  • Каков е односот помеѓу наплатата на побарувањата и исплатата на обврските?
  • Колку долго во текот на годината готовината ни е врзана во залихи?
  • Колкав процент од средствата на претпријатието се обезбедени од сопствениците а колкав од кредиторите?
  • Кој е приносот кој го остварува фирмата од своите средства?
  • Кој е приносот кој фирмата го остварува на влогот на сопствениците?
  • Дали остварените приноси се доволни? Колкав принос може да се оствари преку други пласмани?
  • Кои трошоци може да бидат елиминирани?
  • Дали бизнисот е профитабилен?
  • Дали профитабилноста или загубата се резултат на активности поврзани со основната дејност на бизнисот или се резултат на вонредни активности?
  • Помеѓу кои показатели постои корелираност?
  • Кои фактори влијаат врз дадените клучни индикатори за успехот во работата на претпријатието?
  • Дали поединечните категории во билансните шеми на претпријатието се стабилни, се зголемуваат и намалуваат во однос на некоја базна година? Колкаво е, а колкаво треба да е учеството на залихите во вкупните средства (хоризонтална и вертикална анализа)?

Обуките опфаќаат и кус tutorial за употреба на MS Excel како алатка за финансиска и статистичка (регресивна и корелациска) анализа.

Цената за овие куси семинари изнесува 100 евра (6.150 денари). За студенти и невработени следува 10% попуст.

Планирано е материјата да се апсолвира во една или две недели со одржување на 3-5 блок-часови. Термините се флексибилни и во договор со слушателите (освен ако не се работи за обука со група). 

Обуките ги изведува М-р Благоја Грозданов, магистер по економски науки од областа на сметководството и ревизијата, со поле на особен научен интерес во финансиите и оптимизацијата на структурата на изворите на финансирање.

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно