KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Кои се таргет групите на нашите обуки?

Човек учи додека е жив.

Во денешно време, клуч за успехот на секој поединец е способноста континуирано да се учи. Затоа, секој оној кој сака да се надградува со нови знаења е добредојден во нашиот тренинг центар.

Најважното нешто што може да го научите од нас е тоа како да размислувате и како да ги применувате сите расположливи ресурси за да стигнете до решението на даден проблем.

Нашите обуки се интерактивни и по нивното апсолвирање активно го поттикнуваме вмрежувањето на нашите алумни. За остварување на оваа цел организираме, најчесто бесплатни семинари на кои ги запознаваме нашите слушатели со сите законски промени, нови сметководствени стадарди, нови искуства и сознанија, но и разменуваме мислења и ставови со нашите слушатели и го поттикнуваме процесот на комуникација помеѓу самите слушатели. Убедени сме дека процесот на учење е можен само со взаемна комуникација со слушатели и нивно активно вклучување во наставата - преку коментари, прашања, лични искуства или споделување на знаења и мислења поврзани со темата. На семинарите се добредојдени сите слушатели кои сакаат да одржуваат контакт со нас, но и да се вмрежат со слушатели од други генерации заради остварување на деловни контакти и можности за деловна соработка.

Доделување на дипломи, група есен 2013 (лево) и редовен час со група пролет (2014)


За кого се наменети обуките за практично сметководство?

  • Млади економисти - сите оние кои имаат завршено средно економско училиште или економски факултет. Сметководството е нервен систем на една економија. Без разлика дали планирате кариера како сметководител или ревизор, секој економист мора да има, во најмала рака основни познавања од оваа област;
  • Претприемачи, управител, сопственици на бизниси - сметководството е азбука која мора да ја познава секој оној кој управува со сопствена или туѓа фирма, или има удел во некоја компанија;
  • Секој оној кој планира да работи административна работа. Без разлика дали станува збор за приватна фирма, невладина организација или државен апарат: секаде се потребни базични познавања од областа на сметководството. Освен тоа, со оваа обука се стекнувате и со основни познавања поврзани со трговското право (Законот за трговски друштва) и со даночната регулатива на Р. Македонија (Законите за Данок на додадена вредност (ДДВ), Персонален данок на доход (ПДД) и Данок на добивка (ДД), како и со него поврзаните Данок на вкупен приход и Данок на непризнати расходи).

За кого се наменети обуките за напредно сметководство?

  • Оние кои планираат кариера во сметководство и ревизија или даночно-финансиската контрола;
  • Оние кои планираат да работат или имаат допирна точка со производниот процес во претпријатијата;
  • Оние кои планираат да работат или имаат допирна точка со градишништвото и градежните компании;
  • Оние кои планираат да работат или имаат допирна точка со лизингот;
  • Управители и сопственици на производствени, градежни или лизинг компании.

За кого се наменети обуките за финансиска анализа?

  • Идеални се за оние кои сакаат да одржат поголемо ниво на контрола над својот бизнис: претприемачи, управител, сопственици на бизниси. Сметководствените податоци се само основа за анализа при деловното одлучување. Тие мора да бидат обработени така што ќе го олеснат процесот на деловно одлучување;
  • Сите оние коишто работат на работни места поврзани со сметководство и финансии, без разлика на секторот во кој се вработени (трговија, услуги, производство, градежништво итн.);
  • Секој оној кој планира да работи во брокерска куќа, банка, сметководствено-ревизорска куќа, секој оној кој планира да дава услуги повразни со деловен консалтинг или да работи во каква било финансиска институција.
АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно