KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Даночни и правни совети при регистрација и работење


Искористете ги поволностите кои ги овозможува Законот за трговски друштва за регистрација на фирма преку регистрациски агент - Конто Профит ДООЕЛ Скопје нуди услуги од областа на регистрацијата на деловни субјекти (основање на фирма).

Услуги кои ги нудиме опфаќаат:

  • Подготовка на основачкиот акт на организацијата (договор / изјава / статут) - 6.500 денари + 18% ДДВ;
  • Упис во соодветниот регистар на Централниот Регистар на Македонија, до добивање на Решение за упис - во пакет со подготовка на основачкиот акт;
  • Посредување во постапката за отворање на трансакциска и девизна с-ка во банка по Ваш избор - 1.500 денари + 18% ДДВ;
  • Регистрација за целите на ДДВ (поднесок на ДДВ 01 пријава) - 3.000 денари + 18% ДДВ;
  • Доколку во сопственичката и управна структура на организацијата учествуваат странски физички или правни лица комплетната процедура која ги опфаќа претходните четири точки и дополнителните трошоци околу превод на неопходната документација и вадење на печати чини од 500 до 1.000 евра, во зависност од бројот на лицата и во зависност од тоа дали се работи за правни или физички лица.

Пред да се пристапи кон процесот на регистрирање на фирма потребно е да се пополни овој прашалник и истиот да се достави до нашите простории или да се прати во електронска форма на konto@profit.mk.

Добар даночен советник е тука да се погрижи да Вашата фирма во државната каса го уплати само она што мора да го уплати - и ни денар повеќе, ни денар помалку. Како добар менаџер Вие секако немате време да ги следите сите законски промени во областа на даноците. Затоа тука сме ние!

tax

Очигледно, овде во КОНТО ПРОФИТ, поговорката, ,,подобро да се спречи одошто да се лечи,, е многу добро применета. Ова посебно се однесува на вниманието кое се посветува на оние кои основањето на своите идни трговски или АД друштва го доделуваат на Бизнис Сервисот во КОНТО ПРОФИТ. Овој оддел за регистрација на деловни правни субјекти, е налик на "клиника за трговски друштва".

16 ГОДИНИ ИСКУСТВО ПРИ ДАВАЊЕ ДАНОЧНИ И ПРАВНИ СОВЕТИ ВО ВАША СЛУЖБА!(кликнете за контакт информации):

  • правни и даночни совети при регистрација
  • пресметки и регистрации поврзани со сите видови даноци: ДДВ, персонални даноци, данок на добивка
  • регистрација на трговски друштва
  • оперативни работи: отворање на трансакциска сметка во банка, пријави и одјави на вработени, боледувања и сл.
  • изработка на договори
  • ликвидации и стечајни постапки

Луѓето кои основаат микро или мали трговски друштва, најчесто имаат само една единствена цел. А тоа е, што поскоро да се заврши со работата околу основањето. А како, со што, паричен или влог во материјални средства, мора или не мора веднаш да станат обврзници за целите на ДДВ, да увезат или набават веќе увезена стока, колкави ќе бидат трошоците за минимум еден вработен, е за тоа-потоа.

Договор

Последиците, материјалните, финансиските штети, немирот и сл., доаѓаат подоцна. Наша цел е да не дозволиме овие луѓе да се изложуваат на излишни трошоци и во стартот да го губат моралот за работата прикажувајќи загуби, нерентабилно и непрофитабилно работење, неликвидност и сл.

Напротив, целиме на тоа дека со правилно работење, со малку повеќе труд, ум и трпение, можат и треба да го остварат и почетниот профит. Но, чуден е менталитетот на малиот македонски трговец за разлика од оној на американскиот, да речеме. Нашите мали и микро трговци, раководени од некои стари навики и од желбата што побрзо и "поевтино" да зачекорат по бизнис патеката, прават почетнички грешки, кои подоцна скапо ги чинат.

Странските основачи на трговски друштва имаат сосема поинаков однос кон овие работи. Тие не прават нити еден чекор, без да обезбедат добар консултант, добар сметководител и добар даночен советник за својот иден или тековен бизнис.

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно