KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Вашето сметководство е наша грижа - Конто Профит е лиценцирано друштво за сметководствени работи (лиценца број 710045) 


Зошто би одбрале да одржувате внатрешна сметководствена единица во Вашата компанија во еден бизнис свет во кој outsourcing (снабдувањето од надворешни извори) станува норма? Дозволете Вашите трошоци да се намалат а производите и услугите кои ги пласирате на пазарот да станат поконкурентни.
 
НАШАТА СМЕТКОВОДСТВЕНА СЛУЖБА Е ДЕЛ ОД СИНЏИРОТ НА ДОДАВАЊЕ ВРЕДНОСТ НА ГОЛЕМ БРОЈ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА ОД МАКЕДОНИЈА! ТОЧНО, ПРЕЦИЗНО, КОМПЛЕТНО, СЕОПФАТНО, НАВРЕМЕНО ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА НАСТАНИ ВО СМЕТКОВОДСТВОТО Е НАША РАБОТА.

Кај нас можете да добиете услуги со највисок квалитет:

  • финансиско сметководство
  • пресметка на плати
  • финансиски, деловен и даночен консалтинг

Минимални ориентациски месечни цени за барани сметководствени услуги (вистински понудените цени по поднесениот прашалник за понуда може да варираат). Сите цени се без вклучен ДДВ. 
Само изработка на плата (до 20 враб., за пов. по дог.) Услужни фирми (нерегистрирани за целите на ДДВ) Услужни фирми (тримесечни ДДВ обврзн., до 3 враб.) Услужни фирми (месечни ДДВ обврзн., до 10 враб.)
500 ден. 2.500 ден. 4.500 ден. 10.000 ден.
Трговци (тримесечни ДДВ обврзници)
Трговци (месечни ДДВ обврзници) Трговци (над 15 враб., трг. на големо и мало, МЕТГ, ПЛТ и ЕТ) Производство, градеж. операт. (над 30 враб., раб. налози, МЕТГ)
9.000 ден. 16.000 ден. 24.000 ден. 32.000 ден.
Сите цени се ориентациски, додека за реална понуда потребно е да го објасните Вашиот бизнис модел, обемот на сметководствена документација, нејзината комплексност како и даночните импликации од вашата работа.

Доколку би сакале да Ви доставиме конкретна понуда за водење на сметководствена евиденција од наша страна, Ве молиме пополнете го овој формулар и пратете го на konto@profit.mk: Формулар за барање на понуда - Конто Профит_в6.docx. Сите оние кои сеуште не располагаат со последната верзија од MS Office пакетот и не може да го отворат горниот формулар, може да го симнат овој поедноставен формулар кој може да се отвори и во постари верзии на Word: Формулар за барање на понуда - Конто Профит_в6 (word 97-2003).doc

Фактори кои влијаат на пресметката која и претходи на реално понудената цена, меѓу другите, се и:

  • Број на влезни ф-ри;
  • Број на излезни ф-ри;
  • Книговодствени трговски документи и дополнителни услуги: материјално сметководство, генерирање на ПЛТ и ЕТ, барани менаџерски извештаи и сл.;
  • Број на фискални каси;
  • Број на продажни локации (магацини или малопродажни објекти) и број на подружници;
  • Рочност за ДДВ (месечен или тримесечен ДДВ обврзник);
  • Комплексноста на даночните импликации на дејноста;
  • Тип на дејност (услуги, производство, трговија, градежништво, НВО, буџетски корисник или буџетска единица и сл.);
  • Број на банкови изводи;
  • Број на фукнционални трансакциски сметки во комерцијални банки;
  • Просечен број на редови во еден банков извод итн.

После доставеното Барање за понуда, правиме калкулација за работните часови кои ќе треба да бидат алоцирани за задоволување на Вашите деловни потреби и доставуваме соодветна понуда.

Oсвен сметководство, може да Ви понудиме и други поврзани услуги:

Дополнителни услуги кои може да Ви ги понудиме Цена без ДДВ
Пријава во/одјава од редовен работен однос во АВРМ ден 720
Боледување ден 1.500
Поднесок на електронска пријава за ПДД за до 3 лица ден 500
Дополнително за секое наредно лице во пријава ден 300
Поднесок на ДДВ-01 во УЈП ден 3.600
Поднесок на барање за пребивање на даноци ден 1.200
Извештаи за завод за статистика ден 1.500
Промена на управител во ЦРМ (македонско лице) ден 6.000
Упис на основачки влог во ЦРМ (неуплатен капитал) ден 6.000
Регистрација на подружница во ЦРМ ден 4.000
Промена на e-mail адреса во ЦРМ ден 3.500
Промена на седиште (адреса) во ЦРМ ден 5.000
Регистрација на работно време ден 1.200

ДОВЕРЕТЕ НИ ГО ВОДЕЊЕТО НА ВАШЕТО СМЕТКОВОДСТВОТО НАМ! (кликнете за контакт информации)

Овде во Конто Профит, сметководството е многу повеќе од ажурна евиденција за состојбите на вашите сметки,
вашите книги, уредно пополнети даночни пријави, платни листи и завршни сметки. Овде финансиското и материјално сметководство се во позиција на ажурна евиденција која ги дава сите релевантни показатели, од кои се прават анализи на работењето во делот на трошоците и приходите и расходите, како главни инпути при утврдувањето на резултатите од работењето на секое од многуте трговски друштва од Скопје и внатрешноста на земјата, кои моментално ги опслужува Бизнис Сервисот на Конто профит ДОО Скопје. Од анализите, подоцна по склопувањето на билансните шеми, на управувачките тимови или на управителите на друштвата им се нудат бизнис планови за наредната и предлози за подобри финансиски резултати во деловна година.

Сметководствената анализа на финансиските извештаи е неопходна менаџерска алатка за нормално работење на деловните субјекти. А реални податоци во финансиските извештаи се резултат на правилно водење на сметководство. 
 

Со други зборови, уредното, ажурно, сеопфатно и комплетно сметководство е основата за носење на одлуки за секој претприемач. Со нас и нашите придружни услуги за сметководство секогаш ќе имате база за рационална одлучување! 

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно