KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Бидете во тек со економските текови, деловните тенденции и законските промени! Следете не на https://www.facebook.com/#!/kontoprofit!

Измени и дополнувања во Законот за вршење на сметководствени работи

Еуфоријата и искреното задоволство од носењето на Законот за вршење на сметководствени работи кратко траеше. По се изгледа има недостиг на политичка воља за да се направат неопходните одлучни чекори за конечно да се внесе ред во професијата па сега само се пристапува кон „купување време“. Дали некогаш ќе се собере храброст и воља законските решенија навистина да се имплементираат е дискутабилно. Полека но сигурно - губиме надеж...

Претпоставуваме дека единствено кај нас во Македонија е можно уште неимплементираните Закони да се менуваат. Всушност пред да се донесе одредено законско решение, не би било лошо да се направи студија за изводливоста на тоа решение. Не би било лошо и да се оцени колку долго ќе им треба на институциите кои новото законско решение ги задолжува да донесат правни акти и да организираат нови управни или надзорни тела (најчесто се однесува на ресорните министерства и министри), за да ја извршат нивната работа.

Ако ова се прави осмислено, тогаш ќе нема потреба законите да се менуваат 2-3 пати во годината.

Како и да е, во продолжение ќе презентираме дел од новините во Законот за вршење на сметководствено работење, изгласани во последниве месеци.

  • Измени од 07.02.2014: Променет Член 50, став 3: Уверенијата од член 48 став (1) и член 49 став (1) [се мисли на привремените лиценци] се со важност од 48 месеци од денот на издавањето [до сега наместо 48 стоеше 24 месеци].
  • Членот 52 во целост се брише: „Управниот одбор на Институтот ќе се избере во рок од 15 дена од денот на одржување на основачкото собрание.“ Заклучок: Кога државата не може да ги исполни законските рокови – едноставно си ги продолжува. За жал, стопанските субјекти не уживаат во оваа привилегија.
  • Регистарот на сметководители,... на овластени сметководители,... ТП - сметководители,... на ТП – овластени сметководители и... на друштва за вршење сметководствени работи ќе се воспостават во рок од четири месеци од изборот на Управниот одбор на Институтот [до сега рокот за креирање на регистарот беше 4 месеци од основањето на Институтот - повторно државата си го продолжува рок откако увиде дека истиот нема да може да го испочитува]. Првиот испит за стекнување на уверение за сметководител односно овластен сметководител ќе се спроведе во рок од [стар текст: три месеци од денот на основање на Институтот] девет месеци од денот на изборот на Управниот одбор.
  • Барања за нови привремени уверенија може да се поднесат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон [значи до мај]. Со добивање на ново уверение старите Уверенија веќе не важат. Новите уверенија имаат трајност од 30 месеци.
  • Измени од 22.10.2013: Трошоците за полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител се на товар на лицето кое полага, додека организирањето и спроведувањето на испитот е надлежност на ИСОС, при што техничкото спроведување на испитот го врши правно лице избрано од ИСОС.
  • Нови членови: 15-а до 15-р - Испитот за сметководител или овластен сметководител се состои од два дела, и тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и втор дел (практичен пример), со кој се проверува способноста од областа на сметководството и примената на прописите во практиката.
  • Теоретскиот дел од испитот се полага по електронски пат, со одговарање на определен број прашања (тест). Теоретскиот дел од испитот за сметководител се полага по предметите: Финансиско сметководство, Финансиско известување, Деловно право, даночен систем и проф. етика. Испитот за овластен сметководител пак, се полага по предметите: Финансиско сметководство, Финансиско известување, Управувачко сметководство, Финансиски менаџмент, Информациони системи, Ревизија и системи на внатрешна контрола, Деловно право, даночен систем и проф. етика. Првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител се полага по секој од предметите со пет опции за заокружување од кои едната е точна, две се слични, и две се неточни. Кандидатот мора да ги положи сите испити од првиот дел во најмногу три последователни сесии.
  • Практичниот дел на испитот за сметководител, односно овластен сметководител се состои од: Практичен пример и Прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на практичниот пример и/или Задачи кои треба кандидатот да ги реши врз основа на анализата на практичниот пример.
  • Кандидатот мора вториот дел да го положи во две последователни сесии по завршувањето на теоретскиот дел.
  • На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.  На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител, му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот, калкулатор и пенкало.
  • Се смета дека испитот за сметководител или овластен сметководител го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Вториот дел испитот за сметководител или овластен сметководител се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел на испитот.
  • Ќе постои електронскиот систем со јавно достапна база од најмалку 500 прашања од областа на предметите за првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител од кои најмалку 40% прашања се од стручната литература, како и јавно достапна база од најмалку 50 практични примери, прашања и задачи за потребите на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител.

1. Законот за вршење на сметководствени работи
2. ИД_ЗСР_10.2013
3. ИД_ЗСР_12.2013

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно