KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Кои сме всушност ние и што можеме да сториме за Вас?

За правни лица нудиме комплетен пакет на делови услуги:

За физички лица:

* Преку овластен регистрационен агент со минимални трошоци за основање со потпишување на преддоговор за сметководствени и консалтинг услуги!

Сметководство, даноци, консалтинг, финансиска анализа, изработка на бизнси планови, правни услуги, школи, семинари и обуки за сметководители - се тоа можете да го најдете на едно место.

Добродојдовте
во Конто Профит, куќата на која може да и ги препуштите сите придружни, темелни и задолжителни економско правни активности и  дејствија околу законските обврски на Вашиот бизнис!

Добродојдовте
во куќата чија цел е, Вам да ви остави најголемиот  дел од Вашето време да го посветите на унапредување на Вашиот бизнис и зголемување на Вашиот профит. Ние сме тука за преди се, да Ви обезбедиме пакет-експертски економско-правен консалтинг, даночни совети и  комплетни сметководствени услуги.

Овие услуги, во пакет со грижата за оперативните работи во банките, управата за јавни приходи, фондовите за здравствено и пензиско и инвалидско осигурување, приемот на даночните контроли, помошта во управните и судските спорови, водењето на англиско-германско-македонската и обратна кореспонденција и симултани преводи, со право ја сместуваат оваа консалтинг куќа, во елитните од овој вид компании во Македонија. Со ваквата своја организациска поставеност, таа во иднина ќе стане посебно привлечна за потенцијалните странски основачи на трговски друштва во Македонија. Всушност ова е цел и желба и нашиот тим. 

Следете не на facebook.com за да бидете во тек со сите новости од областа на сметководството, даноците, финансиите, економијата, почетоци на обуки и слично:
http://www.facebook.com/kontoprofit

Во суштината на сметководството не се сувопарни бројки. Сметководството опфаќа бележење на секојдневни настани, трансакции и активности кои се последица на работењето на деловниот субјект. Дозволете ние, со нашето искуство и експертиза, со адекватно евидентирање во сметководството да Ви помогнеме да воспоставите контрола врз работењето на Вашиот бизнис. 

Податоците кои се евидентираат преку сметководството се основа за добивање на неопходни информации во врска со готовиснките текови, приходите, расходите, трошоците, инвестициите и разни други финансиски показатели. Основата пак, за добивање на овие информации лежи во квалитетна и сеопфатна сметководствено-финансиска анализа на генерираните сметководствени извештаи. 

За анализата на податоците од финансиските извештаи од круцијално значење е нашето, повеќе од петнаесетгодишно, искуство и нашиот интерен систем на управување со ова знаење. 

Секогаш имајте на ум: ажурното водење на сметководство е основа за деловното одлучување! Со нас и сметководствените услуги кои Ви ги нудиме секогаш ќе имате адекватна основа за носење на рационални одлуки. 
   
Но, ако Вие сметате дека е помудра одлука да го одржувате одделот за водење на сметководство интерно во Вашата фирма, ние сме спремни и практично да ги обучиме Вашите вработени. Континуирано, скоро преку целата година одржуваме и обуки за сите индивидуи коишто се заинтересирани за лична надоградба преку повеќемесечни школи за практична обука и семинари за практично водење на финасиско и материјално сметководство, читање и анализа на финансиски извештаи, но и за неопходниот дел на познавање на трговското и трудовото право и даноците.

Конто Профит, како една од најактивните членки во Комората на Сметководители при Сојузот на Стопански Комори на Македонија (ССК) е горда што низ својата историја на постоење има опслужувано стотици задоволни клиенти! 

Дозволете и Вие нашиот тим да Ви помогне:
КОНТАКТ

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно