KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

МОЌТА НА ДЕЛОВНИТЕ КОМУНИКАЦИИ

Однесувањето на луѓето најчесто зборува многу погласно од нивните зборови. Лесно е да се контролираат зборовите, а многу потешко е човек да завладее со говорот на телото. Токму невербалната комуникација открива најмногу за нас и е највлијателна во светот на деловните комуникации.

Да знаете што не треба да направите е исто толку важно како и да знаете што треба да направите. Научете како да се поставите за да го добиете она што го сакате од соговорникот. Научете како вешто да комуницирате преку окружување кое обезбедува искрени и конструктивни критики.

Бидете поинакви, во компанијата, во друштвото, во семејството. Придобијте ги другите кон Вашиот начин на мислење преку дводневна обука за деловни комуникациски вештини.

6 блок часа кои ќе Ви дадат одговор на прашањата:

  • Каков комуникатор сте Вие?
  • Што се случува додека слушате?
  • Што го детерминира Вашето однесување и однесувањето на другите?
  • Зошто не постојат добри и лоши работници?
  • Што е уметност во однесувањето?
  • Кој е најубавиот и најслаткиот збор за сите луѓе во светот?




















 

Нема сомневање дека исклучително се трудиме да му се допаднеме на светот. Само ретките од нас стануваат од кревет, го облекуваат истото што го носеле и вчера и тргнуваат да се соочат со понудите на новиот ден. Сосема е јасно дека нашата појава сериозно влијае на тоа како другите ќе реагираат на нас. Затоа мораме да имаме стил. Нашиот прв контакт со луќето е очи на тело, т.е. прво погледнуваме нечие тело, па потоа воспоставуваме контакт со очите.

Сега се зависи од вас. Животот е лабараторија. Контактот ќе ви даде можност за многубројни експериментирање од кои ќе развиете невообичаена проникливост да ги препознаете луѓето.

Сите заинтересирани може да се пријават преку електронска пошта на
edukacija_obuka@t-home.mk. СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ПРАТИТЕ Е ВАШЕ ИМЕ И МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН НА КОЈ ЌЕ БИДЕТЕ ПОВИКАНИ НА БЕСПЛАТНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ОБУКАТА.

Цената на обуката е 2.500 ден. Средствата се уплаќаат пред одржувањето на првиот час. Планирано е истата да се реализира во двa до четири дена.

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно