KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Следете не на facebook.com за да бидете во тек со сите новости од областа на сметководството, даноците, финансиите, економијата, почетоци на обуки и слично: http://www.facebook.com/kontoprofit.

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА - ДОНЕСЕН ДЕТАЛЕН ПРАВИЛНИК ЗА РАСТУР, КАЛО, КРШ И РАСИПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПО ГРАНКИ

Конечно, по промените во Законот за данок на добивка е донесен Правилник со кои се нормираат износите кои се признаваат како растур, по индустриска гранка.

Според Член 11, став 1 од Законот за данок на добивка: „За оданочиви расходи и помалку искажани приходи се сметаат: ... 16) трошоците на кало, растур, крш и расипување над нормираните износи утврдени за соодветната гранка, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила“

Со последните промени во Законот за данок на добивка (со Законот за дополнувањето на Законот за данок на добивка од Сл. Весник 79 од 31.05.2013 ), донесен е Став 2 во истиот член кој гласи: „Нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели ги пропишува министерот за финансии.“

Главните одредби од Правилникот за кало, растур, крш и расипување (согласно Законот за данок на добивка) следат во продолжение:

Се поставува уште и прашањето за ефектот кој овој правилник ќе го има и од аспект на ДДВ? Во Законот за ДДВ нема ниедна референца до појавата на растур, кало или крш.

Да се обидеме со дедукција да стасаме до одговор на прашањето за ефектите врз данокот на додадена вредност на растурот.

За почеток, знаеме дека за да настане оданочување со ДДВ неопходно е (член 2, став 1, точка 1 од ЗДДВ):

  • да постои промет со добра или услуги;
  • прометот да е извршен за надоместок;
  • да е извршен во земјата;
  • да е извршен од страна на ДДВ обврзник и
  • да е во полето на неговата стопанка дејност.

Член 3, став 3 од Законот за ДДВ пак, прометот на добра со надоместок го дефинира и земањето на добра кои се имот на друштвото за лични потреби на самото друштво или вработените и воопшто нивното трошење за цели коишто не се поврзани со нивната стопанска дејност.

Во принцип, востановена пракса до сега беше за се она што е во рамките на „нормално“ кало, растур или крш (а без новодонесениот Правилник поимот „нормално“ беше многу дискутабилен), да не се засметува ДДВ. За се она што е над нормираните износи на растур се задолжува друштвото или одговорното лице во друштвото за настанатиот растур (на пример магационерот). Според член 3, став 3 од ЗДДВ неоправданиот растур (оној растур над нормираниот) се смета за лична потрошувачка.

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно