KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Мисија:

Ваш единствен партнер и комплетен деловен сервис во една бурна и променлива средина: Конто Профит постои за да им овозможи на сите клиенти да се фокусираат на она што најдобро го прават! Концентрирајте се на Вашите главни комптенеции, растот, развојот и оставрувањето на профит и дозволете ние да Ве посоветуваме и да се погрижиме за сите придружни административни работи. Ние Ви нудиме комплетен пакет бизнис услуги кој ги покрива сите потреби на една организација од областа на економско-правниот и финансискиот консалтинг, сметководството, давање на даночни совети, совети врзани со работните односи, застапување пред органите за контрола на УЈП како и мноштво други активности кои Вам би ви одземале скапоцено време и ресурси.

Визија:

Да достигнеме највисоко и професионално ниво на услуги на Балканот и да станеме водечка куќа за сметководствени и консалтинг услуги и обуки на стручни кадри од областа на даночното, сметководственото и финансиското работење во Македонија која ќе ја има полната доверба не само од деловните клиенти од земјава туку и од странските инвеститори.

Вредности:

Македонска топлина, гостопримство и грижа за успехот на клиентите, Германска упорност и професионализам и Јапонска дисциплина и ефикасност.

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно