KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Практична обука на сметководители за поединци и фирми

ЕДИНСТВЕН МЕТОД НА ОБУКА ЗА ПРАКТИЧНО ВОДЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВО - КОНТО ПРОФИТ ЦЕНТАР ЗА ОБУКА НА СМТКОВОДИТЕЛИ СО ДВАЕСЕТГОДИШНО ИСКУСТВО.

За Поединци

Не, не. Нема место нити за дилема, нити за загриженост. Наша обврска е практично да Ве обучиме за да од Вас направиме иден добар книговодител и сметководител.

И нека не Ве збунуваат овие два термина. Едноставно кажано со актуелниот популарен Mакедонски деловен речник, Вие ќе посетувате обука за практично водење сметководство.
Наша, а и Ваша конечна цел како посетител на оваа обука е Вас да Ве изградите во добар ОДГОВОРЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ.

Од Вас бараме желба, малку труд и многу љубов кон оваа интелектуална дејност, како Ваша евентуално идна професија. Конто Профит е специјализиран центар со многугодишно искуство за практична обука на лица за водење сметководство. Лицата обучени во нашиот центар, веќе работат во мали, средни и големи трговски друштва, банки и т.н.
 
Во структурата на лицата кои се обучувале во нашиот центар учествувале од дипломирани економисти, луѓе со разновидни смерови ССС, па до лекари и агрономи. Наша девиза е да создадеме сметководител од секој поединец кој има љубов кон оваа професија и со должно внимание ке ја следи и ќе ги извршува програмските задачи од обуката. Како што сведочи сликата над овој текст, овој концепт на обука го усовршуваме веќе 20 години наназад, почнувајќи од далечната 1994.

Ако сакате да се пријавите за некој од нашите курсеви кликнете
тука.

Целта на нашите обуки е по успешно завршување на истите слушателите да се способни самостојно да се впуштат во водите на сметководството. 

За повеќе детали кликнете на некој од линовите долу или во подменијата од навигационото мени:

Методите и начините на спроведување на обука
Предавачите
Термините и
Цените

За повеќе информации побарајте не на 02 609 1551 или 02 2448 101.

За Деловни Субјекти

Доколку одделот за извршување на сметководствени работи во Вашата фирма има потреба од експертска помош, а Вие не сакате да се снабдувате со сметководствени услуги од надворешен провајдер (во превод ако од какви било причини преферирате да одржувате сметководствена единица во рамките на Вашата фирма), слободно контактирајте со нас. Контакт информации ќе најдете тука или во едно од подменијата од навигационот мени.

Во зависност од обемот и содржината на проблемот, по договор со Вас, може да одржиме куси семинари, советувања, in house школи и сл.

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно