KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри
Следете не на facebook.com за да бидете во тек со сите новости од областа на сметководството, даноците, финансиите, економијата, почетоци на обуки и слично: http://www.facebook.com/kontoprofit

Конечно во Македонија во тек е носењето на закон за вршење на сметководствени работи!

По долгогодишното отсуство на било каква институционална рамка на сметководствената проофесија во Република Македонија (за разлика на пример од сродната ревизорска фела - која одамна ги има поставено, односно прифатено европските стандарди за организација и функционирање во областа на ревизијата), конечно во тек е изработка и усвојување на Закон за Сметководствени Работи.

Со ова ќе му се стави крај на хаосот кој владееше во оваа интелектуална професија и се надеваме, трудот на сметководителите конечно ќе почне повеќе да се вреднува. Очекуваме дека нивото до кое сметководството ва Македонија до сега беше деградирано, со стапување на сила на овој закон, конечно ќе биде подигнато и активностите на сметководителите ќе бидат реално вреднувани и валоризирани.

Институционалната рамка по која во иднина ќе биде регулирана оваа професија предвидува лиценци, неколку нивоа на сметководители, постојана надоградба и едукација, професионална хиерархиска скала по која со стекнување на искуство може да се напредува, полагање на испити во иднина заради стекнување со лиценци и ред други промени.

Особено горди сме на придонесот на Конто Профит во насока на усвојувањето на овој закон, преку активното земање учество во раководењето и менаџирањето на активностите на Комората на Сметководители при Сојузот на Стопански Комори на Македонија.

Предлог законот можете да го преземете од страната на Комората на Сметководители при ССК:
http://www.sojuzkomori.org.mk/WBStorage/Files/Zakon.PDF (застарено).

Ажурирање на законот со прифаќање на некои од предлог промените (состојба мај 2012):
Предлог закон за сметководствени работи.pdf (застарено).

Законот за сметководствени работи е на дневен ред на Седницата бр.37 на Собрание на Р. Македонија, закажана на 23.07.2012 год. во 11:00 часот (точка 32.). Претпоставуваме дека реална временска рамка за гласање на овој Закон е по летниот одмор на пратениците од Собранието на Р. Македонија. Како активен член на Комората на сметководители при ССК на Македонија, Конто Профит беше една од движечките сили позади овој Закон. Затоа, искрено го позадравуваме носењето на овој Закон со кој конечно ќе се внесе ред во сметководствената професија кај нас.

Актуелната верзија на текстот на Законот можете да ја најдете тука:
http://www.sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=2699aa9e-283e-4ad4-8772-6c072274895e (состојба јули 2012, застарено)

ЗАКОНОТ Е КОНЕЧНО ДОНЕСЕН на 25.07.2012 година! Проверете на:
http://www.sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=2699aa9e-283e-4ad4-8772-6c072274895e (застарено).

Време беше да се подигне нивото на професионалност и дигнитетот на оваа професија. Се надеваме дека одредбите од Законот ќе почнат активно да се применуваат што поскоро.

Законот и последните ИД:

1.
Законот за вршење на сметководствени работи
2. ИД_ЗСР_10.2013
3. ИД_ЗСР_12.2013

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно