KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Финансиска анализа и деловни совети при имплементација на информациски системи и планирање на деловни потфати

Сакате да дознате кои активности и процеси може да се дизајнираат поефикасно и поефективно? Кои трошоци може да се скратат? Што може да направите за дополнително да унапредите Вашиот бизнис и да ги задоволите потребите на Вашите потрошувачи?

Дали доволно брзо ги продавате производите на залиха? Дали постои поволен однос помеѓу плаќањето на обврските кон кредиторите и наплатата на побарувањата од клиентите? Колку сте задолжени?
Дали сте ликвидни?

Планирате да воведете нов систем за администрирање со сите деловни процеси од набавка на материјали па до продажба? Во тој случај потребен Ви е business side консултант за осмислување на деловните процеси и активности, документите со кои ќе резултира секој процес, како и дефинирање на податоците кои треба да ги содржи документацијата која ќе се генерира.
 
Правилни деловни одлуки се носат само со помош на детални анализи. А верувајте, она што Ви е потребно за добра анализа, е добар бизнис консултант!

деловни совети

Преку детална анализа на Вашите финансиски извештаи може да Ви помогнеме да најдете одговори на многу од горенаведените прашања.

Единствениот пат напред е преку детална анализа - само така ќе дојдете до податоците потребни како инпути при донесувањето на одлуки.

Ви треба совет?

  • Консултантски услуги при имплементација на ERP системи (системи за деловно работење)
  • Совети за финансиска конструкција на деловни зафати, совети при кредитирање
  • Анализа на финансиски извештаи и пресметка на клучните индикатори на деловните перформанси
  • Совети за управување со трошоците, расходите, приходите и профитот од работењето, и нивно влијание на даночните оптоварувања на фирмата
  • Изготвување на бизнис планови за проширување на постојни или стартување нови бизниси
  • Совети при системско редизијанирање на организационата структура кај деловните клиенти
  • Советувања при имплементација на бази на податоци, креирање на знаење од податоците во базите, менаџирање со знаењето и зголемување на ефикасноста во работењето

НАШИТЕ БИЗНИС СОВЕТИ СЕ ГАРАНЦИЈА ЗА ВАШИОТ УСПЕХ! (кликнете за контакт информации)

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно