KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Цена на чинење и начин на плаќање на обуката


Интензивна Обука за Сметководители

Двемесечните интензивни обуки за практично сметководство (модул наменет како за напредни слушатели така и за оние без никакви предзнаења) варираат во цена почнувајќи од околу 190 евра во зависност од избраните модули и избраниот начин на плаќање. Иако велиме дека обуките се двомесечни, реално траат 9-11 недели, во зависност од апсорпционата моќ на групата, темпото со кое се совладува материјата и избраните модули.

За повеќе информации и упис побарајте не на 02 609 1551, 02 2448 101 на мобилен 070 22 11 65, пополнете го Формуларот за пријава или пак пишете ни на edukacija_obuka@t-home.mk.


Бонус за доверба

За сите оние кои ќе извршат уплата до одржување на првиот блок час од обуката, следува од 10% до 20% попуст на дефинираните цени, во зависност од моментот на плаќање, следејќи го принципот „колку порано уплата - толку поголем попуст“ (попустот се однесува на цената во готово или на првата рата).  

За актуелни и точно дефинирани износи на уписнини, попусти, цени, можности за рати и сл. следете не на
facebook или контактирајте не на горенаведените телефонски броеви.

Инфо за уплата:

Трансакциска с-ка: 210-0654267001-85;
Банка: NLB Тутунска Банка;

Цел на дознака: Обука.


Дополнителни часови за тренинг на конкретна материја

За сите заинтересирани покрај практичната обука нудиме и дополнителни тренинзи, кои вклучуваат книжења на конкретна финансиска документација, од област која е од посебен интерес за слушателот, во нашиот компјутерски сметководствено-информативен софтвер. Тренинзите се одржуваат во флексибилни термини кои се одредуваат во договор со клиентот во зависнот од потребите и барањата на слушателот и чинат дополнителни 50 евра во денарска противвредност (износот е фиксен).

Обуки за напредно сметководство

За сите оние кои сакаат да нурнат подлабоко во водите на сметководството нудиме обуки за напредно сметководство. Се одржуваат во термини во договор со слушателите вообичаено пред или по одржување на циклусот обуки за практично сметководство.

Чинат 9.000 денари редовна цена или 6.500 денари за оние кои претходно ја слушале обуката за практично сметководство.

Советуваме на оваа обука да присуствуваат само слушатели кои имаа барем година-дена искуство во извршување на сметководствени работи или кои претходно ја завршиле обуката за практично сметководство во тренинг центарот на Конто Профит.

Финансиска анализа

За слушателите на обуките за практично сметководство нудиме дополнителен попуст (-20%) ако тие се решат да продолжат со посета на обуките од областа на финансискиот менаџмент и анализата на финансиските извештаи (редовно овие обуки чинат 100 евра).

Кога веќе ги имате основите од областа на сметководството,
ова е одлична можност да го збогатите Вашето знаење. Добар финансиски аналитичар знае да ги чита финансиските извештаи и врз основа на нив да ги пресмета сите потребни показатели за да може да донесе правилни деловни и финансиски одлуки!

Сакате да купите лиценца за користење на нашиот софтвер?

Оние кои би сакале да продолжат да го користат софтверот за сметководствена евиденција на кој се врши обуката и да купат лиценца за негова инсталација на сопствен компјутер може истиот да го набават по исклучително поволни услови од нас.

Ценовникот за различните модули на програмот може да го преземета од следниот линк:
Цени за софтверски пакет.

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно