KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Обука за економски оператори за учество во постапка за јавни набавки во електронска и хартиена форма

Не пропуштајте лукративни можности за соработка со државни институции и јавни претпријатија - учествувајте на тендери на државните органи!

Оваа обука е наменета за сите оние кои сакаат да земат учество во процесот на јавни набавки, согласно со одредбите од Законот за јавни набавки, преку ЕСЈН (електронскиот систем за јавни набавки) и преку поднесување на документи во хартиена форма.

Тендер

Сите приватни фирми кои се занимаваат со продажба на стоки или давање на услуги кои се предмет на јавна набавка може да учествуваат во овие тендери и да склучат профитабилни договори за соработка со договорните државни органи.

Основен услов за учество е регистрацијата на економскиот оператор во Бирото за јавни набавки.



Оваа обука започнува токму од објаснување на процесот на регистрација на приватните фирми за во продолжение да се осврне и на:

  • Дефиниции на основни поими;
  • Практичен пример за регистрација во системот за јавни набавки;
  • Работа во електронскиот систем низ практични примери - електронска достава на документација;
  • Поднесување на документи во процесот на јавни набавки во хартиена форма со вклучени реални примероци од потребните документи;
  • Присуство на овластено лице и лице без овластување на јавно отворање;
  • Документи на кои е потребен потпис од управителот и документи на кои е доволен потпис од овластено лице од страна на управителот;
  • Користење на дигитален сертификат (токен)  во процесот на јавни набавки - практични примери;
  • Рокови за достава на документи (документи кои може да се достават и подоцна наспроти документи чие отсуство е основа за отфрлање на понуда како некомплетна);
  • Електронска аукција - дефинирање и објаснување на процесот на негативно наддавање;
  • Траење и спроведување на една аукција;
  • Процес на одлучување на договорниот државен орган - дефинирање на цена и останати клучни критериуми за добивање на тендерот;
  • Потпишување на договорот за јавна набавка;
  • Денови на мирување пред потпишување на договорот;
  • Доставување на ревидирана понуда;
  • Крај на постапка за јавна набавка (успешен или неуспешен тендер);
  • Основи за договорниот орган да стави забрана за учество во рок од една година на економскиот оператор.

Обуката вклучува и печатени материјали - примери, примероци од документи, кус прирачник. Планирано е истата да се апсолвира во рамките на околу 10 часа, односно во период од три дена.

Набавка

Истата ќе биде спроведена од врвни практичари од областа со бројни успешни учества на јавни набавки и од страната на понудувачи на добра и услуги и од страната на оценувачи на понудите.

Редовна цена на обуката е 12.000 ден., но со рана уплата можно е да остварите право на попуст до 25%! Освен тоа, за втор учесник на обуката од исто правно лице следи уште и попуст од 20%.












Контакт информации може да најдете на овој линк.

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно