KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Следете не на facebook.com за да бидете во тек со сите новости од областа на сметководството, даноците, финансиите, економијата, почетоци на обуки и слично: http://www.facebook.com/kontoprofit.

Е-даноците на УЈП: неразјаснети правни прашања околу одговорноста на потписниците на ДДВ пријавите во e-tax системот на Управата за Јавни Приходи

Ги повикуваме сите колеги сметководители да внимаваат при работата во системот е-даноци на УЈП и при електронското потпишување на ДДВ пријавите. Имено, многу сметководители прифаќаат да ги потпишуваат ДДВ пријавите на клиентите и како составувачи (поплнувачи) на истите и како одговорни лица (управители) на клиентите. Правните импликации на ваквите постапки во моментов никој не може да ги објасни. Од страна на УЈП, системот е креиран да прифаќа ваква ситуација, што е секако за осудување. По правило, Управата за Јавни Приходи требаше да го усклади овој систем на е-даноци со постоечката законска регулатива и токени (токен = електронски потпис) за најава во системот да издава само на лица овластени за сметководствени работи, согласно Законот за вршење на сметководствени работи и на одговорни лица на правните субјекти (управители на фирми). Онака како што работите стојат во моментов, народски кажано и „комшијата“ може да потпише ДДВ пријава како составувач и како овластено лице во системот е-даноци на УЈП. По се изгледа на Управата важна и е само автоматската обработка на податоците а не и начинот на кој ќе се стаса до функционирачки систем.

Инсистираме на тоа колегите да внимаваат што потпишуваат. Во целата ситуација треба да се има на ум дека само физичко лице, со токен (електронски потпис) може да потпишува документи во системот е-даноци на УЈП. Така, стандардна ситуација во системот треба да преставува постоењето на најмалку три профили (профил = субјект) за поднесувањето на една ДДВ пријава.

  1. Профил на правното лице - клиент. Од овој профил треба да се прата овластувања до двајцата потписници на ДДВ пријавите за правното лице (овластениот сметководител и управителот). Потписниците потпишуваат ДДВ пријави во системот е-даноци на УЈП исклучиво со токен;
  2. Профил на физичкото лице - управител на клиентот, кое мора да поседува токен (електронски потпис) и
  3. Профил на физичкото лице - овластен сметководител, кое исто така мора да поседува токен (електронски потпис).


Деловна пракса треба да претставува набавката на токен (електронски потпис) и од страна на овластениот сметководител и од страна на управителот на фирмата - клиент. Така, овластениот сметководител добива овластување од страна на правното лице - клиент да потпишува ДДВ пријави со својот токен, како составувач на истите, додека управителот на фирмата - клиент додбивка овластување од правниот субјект да ги потпишува извештаите како одговорно лице.

Само на овој начин процесот на електронско поднесување на ДДВ пријави во системот електронски даноци на УЈП може да е целосно во согласност законските прописи. 

Ова е и во согласност со осигурителните полиси за покривање на штета од грешка од професионална одговорност, до сума од 20.000 евра во денарска противвредност, кои сметководствените сервиси, согласно Законот за вршење на сметководствени работи требаше да ги потпишат. Имено, политиките на осигурителните куќи прават јасна дистинкција помеѓу професионална грешка од небрежност, односно ненамерна грешка при извршувањето на сметководствени работи и намерни грешки и грешки од несметководствени работи. Покривањето на штета до 20.000 евра со полисите за осигурување важи само за ненамерни грешки кои произлегуваат од сметководственото работење. 

Со ставањето на електронски потпис на ДДВ пријавите, како овластено лице на правниот субјект, сметководителите не само што си нанесуваат потенцијална штета, имплицитно прифаќајќи ја одговорноста и за несметководствените деловни одлуки на клиентот, туку веројатно вршат и противзаконско дејство бидејќи истата одговорност ја прифаќаат, најчесто без правна основа (прокура или полномошно).

Затоа, ги повикуваме сите колеги добро да размислат пред да го стават својот (електронски) потпис во системот на УЈП. 

Од почетокот на оваа година (2013та) важи обврската за поднесување на електронски ДДВ пријави кај месечните ДДВ обврзници. Од средината на годината обврската за електронско поднесување на ДДВ пријави ги стаса и тримесечните ддв обврзници а до крајот на годината во системот е-даноци профил ќе треба да креираат и годишните обврзници за данок на додадена вредност.

Електронското поднесување на даночни пријави е можно само со потпис од овластено лице кое има профил во системот. Фактички, порво неопходна е регистрација на профил на правното лице во системот. Понатаму, правното лице ќе овласти потписници во системот. 

Процедурата за регистрација на правни лица во системот е-даноци на УЈП е доста едноставна. E-tax системот е достапен на овој линк:
https://etax-fl.ujp.gov.mk/. Се што е потребно за регистрација на правно лице во системот е уникатна електронска пошта (e-mail) пријавена на име на фирмата во ЦРМ.

Во системот е-даноци правното лице се регистрира токму со e-mail адресата од ЦРМ и даночниот број. Откако ќе кликнете „испрати“ на дадената e-mail адреса ќе добиете одговор дека регистрацијата е успешно завршена. Во истиот одговор би требало да е содржана и привремена лозинка, која ќе ја користите само при првата најава во системот е-даноци на УЈП. 

Исклучете го pop-up блокерот на Вашиот перабарувач и копирајте ја привремената лозинка од добиениот одговор во соодветното поле.

Во полето корисничко име внесете ја e-mail адресата на Вашата фирма (онаа која е пријавена во ЦРМ и која веќе ја пријавивте во системот електронски даноци на УЈП) а во последното поле внетесе го кодот од сликичката.

Откако ќе се најавите во системот, во левиот дел од менито ќе видите дека сте најавени како „ИмеНаФирма“ која ја регистриравте и настапувате во име на даночен обврзник „ИмеНаФирма“ која ја регистриравте. Ова во моментов не е толку важно, но ќе биде исклучително значајно понатаму.

Во менито „Мој Профил“, одете на „Овластувања“ па „Додади Ново“. Од овде, овластете ги овластениот сметководител да пополнува, а управителот да потпишува документи во ситемот е-даноци на УЈП.

Двете физички лица ќе добијат известување на e-mail дека правното лице ги овластило за пополнување / потпишување во e-tax системот на Управата за Јавни Приходи.

Доколку немате креирано профили на физичките лица во системот, истото можете лесно да го направите - процесот е сличен како на горните две склики, со таа разлика што сега секако ќе кликнете на линкто „физичко лице“ под „Регистрирај се“. 

Електронската адреса со која физичкото лице ќе се пријави во системот треба да е различна од таа на правното лице.

Физичкото лице се најавува во системот слично како и правното лице. Кога физичкото лице ќе се најави во системот, откако претходно ги прифатило овластувањата да потпишува или пополнува во име на правното лице, тогаш пред почетокот со работа во системот истото ќе може да бира во име на кој даночен обврзник сака да работи во системот е-даноци.

Сега се гледа важноста на оваа карактеристика на системот. Имено, доколку сте овластен сметководител на повеќе клиенти кои имаат профили во системот е-даноци и истите Ве овластиле за пополнување на ДДВ пријави, тогаш Вие ќе може да бирате да работите во име на сите тие клиенти („избери даночен обврзник“).

Доколку сте управител на повеќе фирми кои Ве овластиле да потпишувате за нив, тогаш важи истото.


Откако одбравте во име на кој даночен обврзник ќе пополнувате ДДВ пријава во системот, тогаш во левото мени ќе стои Вашето име а под „даночен обврзник“ „ИмеНаФирма“ за која вие пополнувате.

Електронските потписи (токени) може да се набават од КИБС и Телеком.

Повеќе технички информации и упатства се достапни на смедните страници:
http://ca.kibs.com.mk/ и https://ca.telekom.mk/cdaoverview.htm.

Бидејќи од наредната година задолжително ќе биде и електронското поднесување на завршни сметки во ЦРМ, Ве советуваме добро да се информирате во врска со тоа кои сертификати ќе Ви даваат можност за работа и во овој систем на ЦРМ (информациите се достапни од произведувачите на токентите - КИБС и Телеком). 

 


АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно