KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Како започнавме?


Друштво за обука на кадри за деловни и консалтинг услуги, КОНТО ПРОФИТ ДОО Скопје, постои и работи веќе 16 години. Тоа е основано со 100% приватен капитал од страна на осовачите - содружници и брачни другари Марија Стрезова Грозданова и Ангелко Грозданов.

Претежна дејност за која формално правно во Државниот завод за статистика на Р.Македонија, е регистрирано друштвото, е Образование на стручни кадри за деловните субјекти (школа за обука на кадри  за практично водење финансово и материјално  сметководство со елементарно познавање на трговското и трудивото право, деловни секретари и странски јазици, медиумски репортери и говорништво).

Да се знае!

Почетоците од делувањето на основачите, се неколку години пред формално правното регистрирање на деловниот субјект под име  КОНТО ПРОФИТ доо Скопје, поточно од 1992 година, кога активностите се одвиваа во друштвото ГЕМБАН чија генеза  на развој продолжи да ја надградува  КОНТО ПРОФИТ доо Скопје.

Првичните активности  започнува со извршување на работи од областа на трговското и трудовото право, преку давање сметководствени услуги со консалтинг-совети за трговските друштва, за конечно како шлаг-надградба на овие дејности, да се отпочне со пренесување на нашите низ пракса стекнати и проверени знаења и искуства на сите заинтересирани од разни професионални профили.

Така се дојде до одлука, сите претходни искуства стекнати во давање економско правни и даночни совети како и сметководствени услуги, како во стручните служби на некогашните стопански гиганти така и во новооснованите приватни претпријатија, односно трговски друштва, да се пренесуваат на нови луѓе, како потенцијални кадри за потребите на стопанството во земјата. Ова беше причина поради која дојде до основање на друштво за обука на кадри за деловни и консалтинг услуги,  КОНТО ПРОФИТ ДОО Скопје, во кое покрај обуката на сметководители се даваат консалтинг и сметководствени услуги на 80-тина трговски друштва од разни дејности.

Комора на Сметководители

Конто Профит ДОО беше двигател на процесот на креирање на Комората на Сметководители на Ребуплика Македонија при Сојузот на Стопански Комори (ССК). Ние уште од самите почетоци бевме дел од основачите на оваа комора и се јавуваме како иницијатори и катализатори на неколку барања и иницијативи за конечно регулирање и институционализирање на сметководствената дејност.

Сметаме дека сметководството е дејност која има доволно квалитетен човечки потенцијал да го постигне нивото на саморегулација кое колегите од областа на ревизијата веќе го имаат постигнато и активно продолжуваме да работиме на ова поле. 

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно