KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

КПУ во Конто Профит



Би сакале да Ве известиме дека, на наше големо задоволство, КОНТО ПРОФИТ ДООЕЛ Скопје
ги исполни пропишаните услови за стекнување со правото за организација и одржување на обуки за КПУ за сметководители и овластени сметководители.

Би ни причинило огромна чест и задоволство доколку се решите дел од овие часови да ги слушате токму со нас! За да може да Ве контактираме и навремено да добивате информации за планот за држење обуки, Ве молиме пополнете го овој формулар со вашите контакт информации и истиот пратете ни го на kontoprofit@t.mk

Почитувани, како акредитиран центар за организација на КПУ, Ве известуваме за спроведување на КПУ - 2 во месец јуни 2018 по следниов план:

  • 9.6.2018 (сабота), 9:00 – 15:30, Куманово, ресторан Бела Дона и

  • 13.6.2018 (среда), 9:00 – 15:30, Скопје, Хотел Порта

Обуки КПУ, 1 октомври 2017, Скопје и Куманово


Обуките носат 8 поени (8 часа) во насока на исполнување на обврските за КПУ. Обработени ќе бидат следниве теми од следните обучувачи: 

  • М-р Данаил Каров од министерството за финансии, експерт од областа на директните даноци: осврт на Данокот на добивка, со акцент на непризнаените расходи за даночни цели;
  • Адвокат Мартин Бошкоски и Адвокат Ведран Лаличиќ, облигационите односи и трговско право;
  • Валентина Јанковска, член 32-а од ЗДДВ - евиденциски обврски;
  • М-р Благоја Грозданов, Закон за вршење на сметководствени работи и најавени промени со новиот Закон за ПДД од 1.1.2019. 

Обуки КПУ 2, декември 2017, Скопје и Куманово

Што треба да знаете за нашите обуки?

  • Сметководството е интердисциплинарно па затоа сметаме дека е од големо значење да се обезбеди и можност за размена на искуства со припадници на останати сродни интелектуални професии. Затоа, предавачи на нашите обуки ќе бидат колеги лиценцирани овластени сметководители но и адвокати, проценители, вешти лица, ревизори и сл., кои ќе пренесат дел од нивните знаења и секојдневни искуства.
  • Секогаш за време на обуките поттикнуваме дебата, дискусија и размена на мислења, ставови и искуства меѓу сите присутни. Темите кои ќе ги обработиме мора да се во согласност со Годишната програма за КПУ, но би сакале секогаш да бидеме флексибилни и да оставиме простор за прашања во рамки на програмата.
  • Нашите обуки носат 8 поени (8 часа) во насока на исполнување на Вашите обврски за КПУ од кои 3,5 часа од областа на МСФИ, потоа 2,5 часа од областа на даноците и 2 часа од областа на законската регулатива. Еден час трае 40 минути, што значи ефективно траат 320 минути, со паузи измеѓу секој блок час (генерално, по 80 минутно предавање следат околу 15 минути пауза).

За да се пријавите треба да уплатите 2.000 денари + 18% ДДВ надомест, односно 2.360 денари за секое лице кое ќе присуствува на обуката. Сметки за уплата:

  • 300-0000014524-17 (Комерцијална) и
  • 210-0560987901-48 (НЛБ).

Во цел на дознака Ве молиме наведете име и презиме, број на уверение за сметководител или овластен сметководител и град во кој ќе присуствувате (пример: Миле Милевски, 123456, Скопје).

За повеќе инфо контактирајте не на kontoprofit@t.mk, edukacija_obuka@t.mk или на еден од телефоните 02 609 1551 или 070 22 11 65.

Ве очекуваме!

Обуки за практично сметководство, групи пролет 2017



АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно