KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

Ангелко Грозданов, основач и генерален менаџер на Конто Профит:

“Навистина најмалку од се би сакал  кога некој би не поистоветувал со обична сметководствена фирма или трендовски центар во кои некои, мислејќи дека добива вистинска економско-правна логистика во својот бизнис,   учи или се обучува, само би си трошел дел од своето скапоцено време. КОНТО ПРОФИТ е многу повеќе од тоа! Јас сум навистина пресреќен со мојот тим и моја најголема желби е колку што е можно повеќе луѓе да профитират од тоа што ние го можеме. 

Најдоброто и најубавото нешто, од започнувањето на работа со сопствена компанија е тоа што Вие почнувате самостојно да ја материјализирате визијата на бизнисот за кој сте сонувале, донесувате конечни одлуки и самостојно да судите, што е тоа што е битно за секој Ваш деловен потфат, и воопшто за целиот  Ваш бизнис. Вашата материјална и духовна благосостојба се речиси комплетно во Ваши раце. Освен оваа лична сатисфакција, со сопствениот бизнис, Вие сте на добар пат, покрај Вашето, да усреќите и семејства чии членови ќе работат за Вашата компанија чувствувајќи ја за своја. 
                 
Но за да ја постигнете целта во бизнисот кој сте го проектирале и испланирале, уште во стартот морате да си речете, прво: "за мене сите клиенти ќе имаат еднаков третман", второ: "кон решавање на  неизбежните тековни проблеми ке пристапувам анлитички, самокритично и со креативен приод", и  трето: "на моите работници постојано ќе им ја јакнам самодовербата потребна да тие да сфатат дека на клиентот мораат и можат да му дадат квалитетна услуга".

Ангелко Грозданов,
Основач на Конто Профит,
Заменик-престедател на Комората на Сметководители
при Сојузот на Стопански Комори на РМ 

АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно