ЗОШТО ВЕЛИМЕ ДЕКА ОБУКАТА Е ПРАКТИЧНА?
|

|
|
Почетоците на нашите обуки, 1994 | Обуката секогаш се изведува со копии од оригинални финасиски документи кои биле предмет на книговодствена и сметководствена обработка, пресметки на сите видови такси (даноци), придонеси и друг вид давачки и обврски кон државата.
Интензитетот (бројот на предавања во една недела) зависи од модулот на обука и варира помеѓу 16 и 25 предавања. Времетраењето на едно предавање е помеѓу еден час (60 минути) и два часа (120 минути).
Во текот на обуката се изготвуват и скоро сите видови документи кои се предмет на финансиското и материјалното сметководство:
- влезни и излезни фактури,
- калкулации за вредноста на стоки и материјали од домашни набавки и увоз,
- пресметки на обврски за персонални даноци по разни основи,
- пресметка на обврска данок на додадена вредност(ДДВ),
- касови извештаи и последователни операции во зависност од инпут-аутпут на готовите пари,
- периодични извештаи(завршни пресметки за резултатите од работењето, биланс на успех, даночен биланс, биланс на сосостојба),
- пресметка на амортизација, капитална добивка или загуба, извештаи за парични текови, видови на безготовинско плаќањ(подмирување на должничко-доверителни односи цесија, компензација, асигнација...),
- комисионо работење, девизно работење, курсни разлики,
- попис на стоки, материјали, задолжување и раздолжување на малопродажни објекти складишта...
|

|
Се започнува со обучување на слушателите за формите на сопственост на деловни субјекти и влијанието на одделни елементи, можности, фактори врз работењето, односно резултатите од работењето на друштвото(парични средства, опрема, машини и сл. основи за потреба од пресмеметка на сите видови даноци, можности за даночни олеснувања и сл. Посебен акцент се става на евиденцијата на парите во каса, на жиро сметка(касови извештаи, банкови изводи, законски обврски, можности начини за за работење со готови и жирални пари и т.н.). |
|
Обуки, 1994 |
|
  |
|
Обуките во 2012, пролетна група |
Евидентирање методи на трошење на материјали, суровини, трговски стоки, по сите можни методи, со акцент на единствено признатата, метода на просечни цени, евидентирање на признати и дозволени трошоци, пресметка и третман на ДДВ во разни финансови документи, пресметка на плати и придонеси на вработени, на лица кои работат по договор за дело, авторски хонорорари, евидентирање(книжење) на побарувања од купувачи и обврски кон добавувачи од земјата и странство, курсни разлики. Изготвување и книжење на Договори за безготовинско плаќање (компензации, цесии, асигнации и т.н), решавање на проблеми во финансиското работење на едно трговско друштво се само дел од проблемите кои ќе бидат разгледувани...
Обуката продолжува со тоа што секој слушател после првите фази од обуката, добива комплетен регистратор-папка со документи од фиктивна фирма која работи во една замислена пресметковна година, ги прави потребните пресметки, на плати даноци, обврки за придонеси, ги книжи влезните и излезните фактури за суровини, резервни делови, материјали, трговски стоки, службени патувања, врши пресметка на амортизација на опремата, раскнижува дел од ситниот инвентар и потрошените материјали, на сите конта-сметки, врши распоред на трошоците односно утврдување на резултати од работење, добивка или загуба и утврдување на даночна основа за пресметка на обврска за данок од добивка, која може да постои и во случај кога друштвото има загуба(трошоци кои ја товарат даночната основа). Практичната обука завршува со склопување на билансните шеми, биланс на успех, даночен биланс и биланс на состојба.
 |
|
Степенот до кој ќе се навлегува во ситните детали и до кој ќе обезбедиме часови посветени на повторување на поминатиот материјал зависи од должината на обуката (интензивна или класична).
ОБУКАТА СЕ ИЗВЕДУВА РАЧНО, НА КЛАСИЧНИ Т-СМЕТКИ И НА АПЛИКАТИВЕН КОМПЈУТЕРСКИ СОФТВЕР-програм за сметководство, кој после завршување на обуката, доколку сте заинтересирани за самостојно работење можете по поволни услови даго набавите преку нас. Ние велиме, ,,прво учиме да одиме пешки, а потоа да возиме автомобил,,.
Обуката ја изведува основачот на Конто Профит, Ангелко Грозданов, кој истата ја има и осмислено пред околу 20 години и оттогаш и ја спроведува. |
|
Обуките во 2012, есенска група |
|
|
Кликнете тука за Формулар за Пријава
За да дознаете повеќе за цените на разните модули на обуки кликнете тука.
|